Велшанецот Џастин Милер е казнет со парична казна од 20.000 фунти, бидејќи лажно обвинил туристичката агенција за лоша услуга во хотел.
Имено, тој се обидел преку измама да добие отштета објаснувајќи дека храната во хотелот била ужасна, а хигиенските услови без преседан поради што имал тешки проблеми со стомакот придружени со болка и дијареа.
За работата уште повеќе да биде во негов прилог, туристот селектирал негова жртва да биде хотелот со пет ѕвезди „Боа Виста“ на Зелено’ртските Острови.
Туристичката агенција логично се посомневала во вистинитоста на неговите тврдења, па од таму решиле да ги проверат фотографиите од одморот кои тој ги споделил на социјалните мрежи.
Покрај фотографиите од островот имало и фотографии со храна под кои стоел описот „никогаш не сум јадел подобра кинеска храна“.
Судот во Кардиф немал дилеми после овој несоборлив доказ, па на Велшанецот му одредил парична казна во износ од 20.000 фунти поради обид за измама.