Американскиот претседател, Доналд Трамп во телефонско интервју за „Фокс њуз“ избегна дикретно да одговори на прашањето дали тој во моментов работи за Русија и дали некогаш работел за таа земја.
Трамп во однос на ова прашање истакна дека тоа е најнавредливото прашање кое некогаш му било поставено и дека тој е едниствениот претседател кој заземал цврст став кон Русија.
Контроверзното прашање, пишуваат тамошните медиуми, кое беше поставено во телефонското интервју со „Фокс њуз“, и кое следуваше по петочната објава на „Њујорк Тајмс“ дека полициски службеници се загрижени за однесувањето на Трамп, откако го отпушти директорот на ФБИ, Џејмс Комо во 2017 година, ја отвора можноста да се истражува дали Трамп работи или работел за Русија, пренесува АП.