Влезната врата и ѕидовите на зградата каде што е сместена Општината Аеродром ноќеска биле исфарбани со црна боја. Вандализмот во МВР го пријавиле вработени во општината кога утрово дошле на работа.
Од Општината Аеродром информираа дека со црна боја е исфарбана само надворешноста на објектот, а вандалите не се обиделе да влегуваат внатре во општинските простории. Пред зградата има камери, а Општината има ангажирано и чуварска служба.
„Во моментов сите сме на работните места и се тече вообичаено“, велат во Аеродром.