Непознати лица истуриле боја врз влезната врата и фасадата на Министерството за култура. На влезот на зградата се испишани и буквите „МКД“.
Од Министерството за внатрешни работи немаат информации кои го офарбал Министерството со боите на македонското знаме.
Фотографија од офарбаното Министерство е споделена на Фејсбук страната „Млади за Македонија“, кои изминативе месеци протестираа против промена на името.
„Денес не умре Македонија, денес се роди црвено-жолтиот отпор на македонскиот народ! Министерството за Култура офарбано во македонските национални бои! Ова е знак дека борбата на македонскиот народ не е завршена, туку борбата сега почнува!“, пишува на постот.
https://www.facebook.com/MZMakedonija/photos/a.813114558896673/1021575521383908/?type=3&__xts__%5B0%5D=68.ARAPntPxJ1OK6w9p_2IEIsoIlmLGkNwJT9T41yAw4LGPXU77GWJeyPmX1BXdmFdoKJ4k5b05IvoivUumrCXz_jMzl1nniIgqw4zGAdGm9I4gRkRCi-b-8_f54jbgH9qyZ81qAXV2xr3gXL3lExrqqg3OSbSX56Ekvc1WSGqRQ-ZZnsPRK879SnYIJN8z_83QEzk3_oteaDgu9fNvvqVbr_JoPpF0IIHZ_d_sgiKgbGivGZDtsA4OVW0ndlZ5y8Y0iJfQ7kHPHJH8yQb2gbMHfy41stVK8b7b3Ew7DDWPsese6QAFeynjjIYNq_qLIvbRGwvUcVc7vU-ld9oDyqkvbgbqJA&__tn__=-R