Две лица биле тешко повредени, а осум полесно во вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Скопје.
Според СВР Скопје, 111 возачи управувале возило со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај биле исклучени 40 возачи. Од нив, седум бидејќи возеле пијани, 26 возачи управувале возило без да се стекнат со право за управување на моторно возило и седум возачи затоа што биле возачи-почетници.
Од сообраќај биле исклучени 17 возила. Од нив, нерегистрирани биле 16 возила, а едно возило било технички неисправно. Полицијата санкционирала четворица возачи бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, 11 бидејќи немале зимска опрема во возилото, еден возач бидејќи не носеле сигурносен појас при управување на моторно возило и 11 возачи поради зборување на мобилен телефон додека возеле автомобил.
Сообраќајците санкционирале тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 195 мандатни платни налози и 102 возила биле подигнати со специјално возило “пајак”.