Тренерот на Манчестер Јунајтед може да биде задоволен после новата победа на неговиот тим на тешкото гостување кај Тотенхем.
Јунајтед славеше на гостувањето на „Вембли“ кај Тотенхем со минимални 1:0, а тоа беше шестата победа по ред на „Црвените Ѓаволи“ откако за тренер на екипата беше назначен Оле Гунар Солскјер.
После вчерашниот натпревар, Солскјер порача дека Јунајтед секогаш мора да оди на победа.
„Кога сте во Манчестер Јунајтед, секогаш очекувате да победите. Нема да победите секогаш, но морате така да размислувате, тоа мора да биде менталитетот на оваа група. Во првото полувреме бевме одлични, но во вториот дел бевме под притисок. Де Хеа навистина ни го чуваше грбот, беше неверојатен. Но и ние одлично се браневме“, изјави Солскјер.