На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се хоспитализирани уште две деца и еден возрасен со симптоми на морбили, информираат од Министерството за здравство, а со новите три случаи во моментот има 26 хоспитализирани пациенти од морбили.
Најмладиот пациент е бебе од 8 месеци, а највозрасната пациентка има 43 години од Скопје и е мајка на едно од заболените деца.
Сите новопримени пациенти имаат клиничка слика на заболени од морбили или мали сипаници, додаваат од Министерството за здравство.
Како што посочија од Министерството, досега во сите вакцинални пунктови во Скопје вакцинирани се 2.008 лица, а само денеска до 13 часот МРП-вакцината ја примиле 104 деца.