Турција соопшти дека ќе продолжи со борбата против курдските единици кои се поддржани од САД. Официјална Анкара ги игнорира и предупредувањата на претседателот на САД, Доналд Трамп.
Трамп, претходно се закани дека со уништување на турската економија во случај на напад на курдските сили по повлекувањето на САД од Сирија.
Турција повеќе од една недела се заканува со нова офанзива против курдските единици за заштита на народот (YPG), борци кои Вашингтон ги поддржува во борбата против Исламската држава, додека Анкара смета дека се терористи.
Трамп преку „Твитер“ предупреди дека економски ќе ја уништи Турција, ако по американско повлекување бидат нападнати Курдите, а исто време тој и ги повика Курдите да не ја провоцираат Анкара.
„Господине Трамп, терористите не можат да бидат партнери и сојузници. Не постои никаква разлика помеѓу Исламската држава и YPG. Ние ќе продолжиме да се бориме против сите нив”, изјави Ибрахим Калин, портпарол на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.