Повеќе од 30.000 наставници во јавните училишта во Лос Анџелес го започнаа долго планираниот штрајк со кој бараат повисоки плати, за помал број на часови и вработување на повеќе наставнички кадар во училиштата.
Штрајкот влијае на околу 500.000 ученици во 900 училишта во областа, втора по големина во државата. Училиштата ќе останат отворени, и наставата ќе ја држат заменици – наставници ангажирани од градот, но многу родители велат дека нема да ги испраќаат своите деца на училиште.
Наставниците одржаа големи штрајкови во шест други држави минатата година во знак на протест поради ниските плати и бараа повеќе пари за јавното образование.
Одлуката за штрајк дојде по неколкумесечни преговори со синдикатот на наставниците. Иако наставниците од сите страни се согласуваат дека Калифорнија треба да потроши повеќе пари за образованието, синдикатот и надлежните се заглавени во сурова расправија за тоа како Лос Анџелес треба да ги искористи парите што ги добива.