„Визер“ по трет пат добива субвенции за евтини авиолетови

Министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ денеска ќе потпишат договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии, трет со македонската Влада.

Договорот следи по третиот повик што го објави Владата за доделување финансиска поддршка по двата неуспешни огласи. На сите три повици понуда достави само „Визер“ која опслужува евтини авиолинии од македонските аеродорми во изминатите шест години.

Во наредните три години на авиокомпанијата треба да и бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродормите во Скопје и во Охрид треба да ги опслужува од март годинава.

 

Треба да знаете
Последни објави