– При пад на иранскиот товарен авион „Боинг 707″ загинаа 15 луѓе од вкупно 16 во леталото, соопшти иранската армија.
Падот на авионот го преживеа инженерот, кој е хоспитализиран.
„Боинг 707″ превезувал месо од Бишкек, Киргистан, а несреќата се случила при приндудното слетување поради лошите временски услови на аеродромот Фат, во близина на иранскиот град Караџа, западно од Техеран.
Претходно, медиумите објавија дека се урнал киргистански товарен авион со 10 членови на екипажот.