На протестите на „Жолтите елеци“ во саботата учествуваа 84.000 луѓе ширум Франција, од кои 8.000 во Париз каде во текот на демонстрациите се случија и неколку инциденти.
Вниманието на јавноста ја привлече снимка на социјалните мрежи на која се гледа момче со дупка на лицето која ја добило во текот на судирите на демонстрантите и полицијата.
Не знае точно како настанала раната, се претпоставува дека е солзавец или чадна бомба.
Илјадници припадници на движењето „Жолти елеци“ маршираа деветта сабота по ред низ улиците на Париз и во други градови во знак на протест поради економската политика на претседателот Емануел Макрон.
Во текот на протестите за време на викенд приведено 224 луѓе.
WARNING VIDEO: contains some shocking footage you have been warned before playing. pic.twitter.com/vkPg2NUZA0
— Sotiri Dimpinoudis (@sotiridi) January 13, 2019