Консумацијата на повеќе од четири сендвичи со сувомеснати производи неделно, може да биде опасна по вашето здравје, особено за оние кои страдаат од астма, покажа истражувањето спроведено на 1000 француски испитаници.
Научниците веруваат дека премногу сувомеснати производи во исхраната може да имаат опасно дејство врз астматичарите поради адитивот натриум нитрит кој се користи за конзервирање на производите добиени со преработка на месото.
Натриум нитритот прави сувомеснатите производи да ја задржат црвената боја, а познато е дека неговата голема количина во организмот може да го попречи транспортот на кислород во крвта и клетките.
Нивната консумација го отежнува нормалното функционирање на дишните патишта, но научниците велат дека е потребно да се спроведат дополнителни истражувања пред да се донесат конечни заклучоци, а во меѓувреме советуваат да се консумира здрава храна и разновидни намирници, како медитеранската исхрана.
Месните преработки веќе долги години се поврзуваат со ракот, па научниците советуваат дневно да не консумирате повеќе од 70 грама сувомесни производи, односно не повеќе од еден колбас и едно парче сланина.
Француските научниците ги следеле навиките на испитаниците во нивната исхрана од 2003 до 2013 година. Половина од испитаниците боледувале од астма, а кај останатите не била забележана таква состојба.
Студијата се фокусирала на врската помеѓу симптомите на астма – чувството на недостаток на воздух со и без појава на гласно и звучно дишење, притисок во градната коска со чувство на подуеност во белите дробови, напад на сува кашлица – и консумирањето на две парчиња сланина, еден колбас и две парчиња салама.