Османи: Џафери го потпиша Законот за јазици, вечерва или утре во Службен весник
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери го потпишал Законот за јазици и се очекува вечерва или утре тој да се објави во Службен весник, изјави вицепремиерот Бујар Османи во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Законот за употреба на јазиците предвидува преточување на уставните амандмани во законски текстови во однос на употребата и примената на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо.
-Со овој закон паралелно се уредуваат начелата, начинот и одговорноста на институциите да овозможат службена употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните и неговото писмо vis а vis правото на граѓаните да го употребуваат и применуваат тој јазик во службени постапки. Воедно, се регулира и употребата на другите јазици на кои зборуваат граѓаните од заедниците кои се помалку отсто, се вели во образложението на Законот.
Откако Собранието го изгласа првпат на 11 јануари минатата година, а претседателот Ѓорге Иванов одби да го потпише указот за негово прогласување тој повторно беше донесен на 14 март минатата година, без поддршка од пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ