Само владата за една намена, заглавена во криминогени делувања може да се радува на промена на Устав со цел промена на уставното име Република Македонија, македонскиот идентитет, македонската историја, посебноста на својот народ, обвини Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
„Само влада која има сериозни хипотеки, може да посегне и да го згази достоинството на народот, на пратениците, на собранието, на судскиот и обвинителскиот систем, само и само да ја исполни својата единствена цел на своето постоење- промена на Уставот со цел промена на уставното име на Македонија. И потоа да се фали со тоа. Само Зоран Заев и неговите однародени ликови во власта може да се гордеат со лагите и со бруталноста и со теророт врз волјата на народот, врз јасно изразената волја на граѓаните на референдумот од 8 септември 1991 година и потврден на 30 септември 2018 година“, рече Стоилковски.
Останува запишано, додаде тој, дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава.
„ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи неправдата во иднина“, рече Стоилковск