Турција прави се што е потребно за да се зачува мирот и да се спречи насилство во Идлиб, северна Сирија, последното засолниште на бунтовниците во таа земја, изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.
Исламистичките борци ја зголемија контролата над подрачјето на Идлиб по повеќенеделните судири со сирисиките бунтовниции, кои имаат поддршка од Турција.
Чавушоглу посочи дека доколку Идлиб стане „гнездо на тероризмот” за тоа ќе биде виновна Владата во Дамаск, која таму ги транспортираше терористите од другите делови на Сирија, дури и од Дара, која се наоѓа во јужниот дел на земјата.