Хју Грант го замоли крадецот да му го врати сценариото што му го зел од автомобилот

Британскиот актер Хју Грант го замоли крадецот кој го обил неговиот автомобил да му го врати сценариото што му го зел од возилото. Грант, кој стана славен по филмот „Четири венчавки и погреб” од 1994 година, на Твитер објави дека е обиен неговиот автомобил.

„Иако е мала веројатноста, ако некој го знае оној што го обил мојот автомобил и ја украл мојата торба, ве молам обидете се да го убедите да ми го врати барем сценариото”, напиша Грант. Тој вели дека станува збор за белешки и идеи на кои работел подолго време.

 

 

Актерот не наведува на какво сценарио работел. Но, замоли ако се пронајде, неговото сценарио да биде испратено до филмската компанија во западниот дел на Лондон.

Тој исто така изрази загриженост поради украдените здравствени картони на неговите деца.

Треба да знаете
Последни објави