Најмалку едно лице загина, а 19 се повредени по напад со нож во кинескиот град Фуџоу, јавија тамошните медиуми.
Инцидентот се случил околу 21 часот по локално време, кога маж на возраст од 48 години ги нападнал луѓето, пренесува „Спутњик“.
Еден корсиник на Твитер на својот налог објавил видео снимка од апсењето на напаѓачот, а првично, мотив за инцидентот е раправија меѓу членовите на едно семејство.
Knife attack in Fuzhou, China. 20 people wounded, 1 died from stabbing. 48 yr man stabbing passerbys in the street. This is footage of his arrest👇🏼 pic.twitter.com/tbqMEl9rYZ
— Carl Zha (@CarlZha) January 14, 2019