19-годишниот убиец најпрвин се обидел да се брани тврдејќи дека станува збор за несреќен случај, но обвинителите разоткриле што точно направил.
Џонатан Фаир од Чикаго е обвинет за убиство на 4-годишното девојче Скајлер Мендез во Лејк Сити на Флорида, пренесуваат американските медиуми.
Причината за ова страшно злосторство е бизарна – девојчето, инаку ќерка од првиот брак на девојката на Фаир, поради невнимание, истурило сок врз неговата гејминг конзола. Тој поради тоа збеснал и крвнички го претепал девојчето до смрт.
Откако сфатил што направил, претепаното девојче го однел во болница, но веќе било прекасно и докторите за жал не успеале да го спасат животот на Мендез.
Докторите утврдиле нагмечување на мозокот и уште низа на фатални повреди од силните удари кои што ги претрпело девојчето. На крајот, Фаир го признал убиството, а обвинителството сега бара изрекување на доживотна затворска казна.