Во уште едно слабо, веќе видено издание Мицкоски не кажа ништо ново, ништо значајно или во интерес на граѓаните. Но затоа, портпаролот на Бачев потврди неколку факти, порача СДСМ.
„Антизападниот Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од изборен пораз на претседателките избори односно од пораз на какви било избори.
Соочен со сопствениот неуспех да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ и фактот што нема поддршка кај граѓаните Мицкоски бара алиби за изборниот пораз со измислување непостоечки теми и нелогични условувања.
Антизападниот Мицкоски потврди дека ги дели истите вредности со Јанко Бачев. Како и Бачев и Мицкоски ги дели граѓаните, сее омраза. Исто како Бачев, и Мицкоски се противи на концептот едно општество за сите, концепт кој граѓаните силно го поддржаа. Исто како и Бачев, и Мицкоски е против европските вредности, против НАТО и ЕУ.
Со најавите дека допрва ќе правеле партиска програма, антинародниот Мицкоски призна дека тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ немаат програма, немаат идеја ниту план што би донеле нешто добро за граѓаните и државата.
Заклучокот е едноставен.
Антизападното ВМРО-ДПМНЕ и претседателски кандидат на Груевски и Мицкоски ќе се соочат со убедлив пораз на следните претседателски избори.
ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее исто толку убедлив пораз на следните парламентарни избори кога и да се одржат.
Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ги поразат и црнилата на антизападниот Мицкоски и нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски.
Македонија тргна напред и враќање назад нема. Граѓаните одбраа напредок и иднина во ЕУ и НАТО“ се додава во соопштението на СДСМ.