Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, во пресрет на вечерашниот натпревар на Милан против Јувентус во Скуперкупот на Италија, проговори за Гонзало Игуаин.
Деновиве се шпекулираше дека Игуаин побарал трансфер во Челси и дека поради тоа, тој нема да биде во составот на Милан за вечерашната пресметка против Јувентус.
„Морам да повторам, постојат многу гласини, но Игуаин добро тренира, се забавува со останатите соиграчи и достапен е за натпреварот. Ќе видиме дали ќе игра или не. Тој мора да одлучи за да го реши проблемот кој го има, но моментално се однесува како вистински професионалец и тренира добро. Ќе видиме“, изјави Гатузо и додаде:
„Сакам да кажам дека тој никогаш не ми рекол дека сака да си оди. Јас ја чекам таа одлука. Искрено, воопшто не сакав да зборувам за Игуаин затоа што овде сме поради Суперкупот“, изјави Гатузо.