Тинејџерка не знаела дека е бремена,на нејзиниот брат (14) му се заканува до 30 години затвор бидејќи тоа е и негово бебе!

14-годишник од Малезија се соочува со камшикување и 30 години затворска казна, откако неговата 15-годишна сестра во декември родила негово дете.

Девојката наводно не знаела дека е бремена, сè додека не се породила во тоалетот во нивната семејна куќа, а никој од останатите членови на семејството не претпоставувал што се случува.

Бебето претрпело повреди на главата, откако паднало во ВЦ шолјата.

„Вриштеше, викаше по мајка си барајќи помош“, рекол шефот на полицијата, Хаснан Нарзи Хашим. Во истрагата е откриено дека братот и сестрата неколку пати имале секс, од мај минатата година.

„Како и да е, таа не знаела дека е бремена, бидејќи немала симптоми на бременост, иако 9 месеци во себе носела живо суштество“, стои во извештајот на полицијата.

Момчето го признало инцестот, а казната за тоа е до 30 години затвор и камшикување, според законите во Малезија.

Треба да знаете
Последни објави