Цената на нафтата вчера се стабилизира откако еден ден претходно зајакна за 3 отсто наспроти очекувањата дека намалувањето на производството на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ќе ја урамнотежат понудата и побарувачката на глобалните пазари, во услови на забавување на растот на светската економија.
На лондонскиот пазар вчера цената на барел се зголеми за 19 центи во однос на претходниот ден, на 60,83 долари. На американскиот пазар барел се тргуваше по незначително повисока цена, од 52,21 долари, пренесе „Хрпортфолло“.
Кинеската централна банка вчера ја воведе досега најголемата дневна инекција на свежи пари преку обратни репо операции, со влез во финансискиот систем на 83 милијарди долари, во обид да спречи понатамошно забавување на најголемата азиска економија.
На почетокот на неделата, Кина информираше за слаби трговски резултати во декември. На годишно ниво паднале и увозот и извозот.