Двегодишно дете, кое било врзано во детско седиште што не било прицврстено за седиштето во автомобилот, испадна среде улица. Инцидентот се случил во Манкато, во сојузната американска држава Минесота. На видеото може да се види како од задната врата на автомобилот излетува детето кое е во седиште, а автомобилот не запира, туку продолжува да се движи по улицата.
Возачот од возилото што било одзади запрел и го зел детето. Се обидел да ѝ сигнализира на жената на која ѝ испаднало детето, но залудно. За среќа, детето не било повредено, а мајката подоцна се вратила по него.
Полицијата соопшти дека детето било прописно врзано, но дека детското седиште не било прицврстено за седиштето во автомобилот. Останува нејасно како се отворила вратата на автомобилот.