Ферерира прилично добро го “искриви” голманот на Шведска.
Голот на Едвалдо Фереира долго ќе се врти на ракометните шпици.
Репрезентативецот на Ангола против Шведска го постигна можеби и најдобриот гол на Светското првенство досега, кое се одржува во Германија и Данска.
Летот на топката е апсурден. Станува збор за фелширана топка која одела на метар и пол од голот, но имала таква ротација што од паркетот се одбила директно во мрежата.
Ангола можеби нема голема ракометна традиција, но му подарила нереален момент на овој спорт.