Британската премиерка Тереза Меј изјави дека на опозицискта Лабуристичка партија ѝ се отворени вратите за преговори за Брегзит, при што ги повика политичарите да ги остават на страна личните интереси за да заедно пронајдат решение за излез од Европската Унија.
„Разочарана сум што лидерот на Лабуристичлата партија до сега не одлучил да учествува во тоа, но нашата врата останува отворена“ рекла Меј.
Таа додала дека досега разговарала со прететсвници на Шкотската национална партија, Либерално-демократска и со велшката партија.
Меј ги повика пратениците заедно да продолжат да работат на Брегзит, веднаш откако во парламентот го преживеа гласањето за доверба на владата. Таа нагласила дека е подготвена да работи со секого за да се оствари Брегзит.