(Видео) Путин пристигна во Белград

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска пристигна во официјална посета на Србија, информира агенцијата „Танјуг“ и додава дека на аеродромот, каде што неговиот авион слетал во 13 часот и 5 минути, тој бил пречекан од српскиот претседател, Александар Вучиќ.

На белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се одржа церемонија на пречек за рускиот претседател, со црвен тепих и постројување на гардата на српската војска.

https://www.facebook.com/rs.sputniknews/videos/2193352184313690/?t=0

Aмериканската агенција „Блумберг“ пишува дека Вучиќ ќе настојува средбата да ја искористи за да обезбеди поддршка од Москва за постигнување договор за Косово.

Покрај претседателот Владимир Путин, во Белград е и шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, како и првиот човек на агенцијата за вселенски истражувања, „Роскосмос”, Димитриј Рогозин.Покрај нив, во руската делегација се и повеќе министри, генералниот директор на „Руски железници”, ректори на три поголеми универзитети….

Треба да знаете
Последни објави