Грчката влада прави десетина илјади копии од преспанскиот договор за граѓаните

Грчката влада ќе достави до граѓаните десетина илјади копии од преспанскиот договор со цел тие да се информираат во пресрет на парламентарната дебата за ратификација на спогодбата.

Кабинетот на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, соопшти дека документот ќе се најде и во неделното издание на весниците, со цел сите Грци да можат да го прочитаат. Владата истакна дека планира да го информира и последниот грчки граѓанин за аспектите од договореното.

Агенцијата АП напомена дека Грците се поделени околу договорот за промената на името. Според резултатите на неoдамнешна анкета, 70 проценти од испитаниците се изјасниле против.

Синоќа грчкиот парламент изгласа доверба во владата на Ципрас, со што е сè поизвесно дека договорот ќе биде ратификуван.

Треба да знаете
Последни објави