Данска ја прекина продажбата на оружје во ОАЕ

Данска ја запре продажбата на оружје за Обединетите Арапски Емирати поради улогата на Емиратите во хуманитарната криза во Јемен, пренесуваат локални медиуми.

Министерот за надворешни работи, Андерс Самуелсен, ја објави веста во парламентот и вели дека неговото министерство го информирало генералниот директорат за безбедност кој барал да се сопре извозот на оружје и дозволи за ОАЕ.

Од 2015, Саудиска Арабија и неколку сојузници на кралството – вклучувајќи ги и ОАЕ – се здружени во масовна кампања против Хутите, кои го опустошија Јемен претходната година.

Данска исто така ја сопре продажбата на оружје на Саудиска Арабија во ноември поради вмешаноста на кралството во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги и поради хуманитарната криза во Јемен.

Треба да знаете
Последни објави