Синоќешниот дерби натпревар во НБА лигата се одигра во Бостон, каде тимовите на Селтикс и Репторс се сретнаа во пресметка за зачувување на гордоста, но и за обезбедување на што подобро место во плејоф поредокот во Источната конференција.
Пред публиката во Бостон, составот на Селтикс стигна до победа против големиот ривал Торонто Репторс со конечен резултат од 117:108.
Кога беше најважно, Кајри Ирвинг истапи како лидер на составот на Бостон Селтикс и му донесе победа на тимот. Тој ја заврши вечерта со 27 поени и рекордни за него 18 асистенции, притоа шутирајќи ефикасни 11/19 од поле. Ал Хорфорд додаде 24 поени, додека Гордон Хејворд од клупата постигна 18 поени.
На спротивната страна стартната петорка одигра одличен меч и изненадувачки е како не успеа да обезбеди позитивен резултат. Екипата на Торонто ја предводеше Кавај Ленард со 33 поени, но одличен беше и Серж Ибака, кој забележа дабл-дабл учинок со 22 поени и 10 скока.
Останати резултати:
Детроит Пистонс – Орландо Меџик 120:115
Хјустон Рокетс – Бруклин Нетс 142:145 (Џејмс Харден 58 поени, 10 скока)
Мемфис Гризлис – Милвоки Бакс 101:111
Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 101:105
Портланд Трејл Блејзерс – Кливленд Кавалирс 129:112
Голден Стејт Вориорс – Њу Орлеанс Пеликанс 147:140
Лос Анџелес Клиперс – Јута Џез 109:129