Малолетник нападнал полицајци во Тетово

Малолетник од Тетово заработил кривична пријава откако се обидел да тепа полицајци, информираат од МВР.

Станува збор за 16-годишник кој се товари за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Инцидентот се случил на 25.11.2018 година околу 1.30 часот во близина на угостителски објект на улица Борис Кидрич во Тетово. Тогаш малолетникот се обидел физички да нападне полициски службеници, а П.Д.(21) ги спречувал полицајците во вршење на службените дејствија.

Кривична заработил и П.Д. кој се товари за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејствие.

Треба да знаете
Последни објави