Наставничка нападнала колешка во Кавадарци,потврди за МИА портпарол на СВР Велес, Верољуб Додевски.
-Завчераа во ПС Кавадарци педесет и четиригодишна жена од Кавадарци пријавила дека утрото, околу 8.30 часот, во наставничката канцеларија во училиште во Кавадарци, каде е вработена како наставничка, била физички нападната од нејзина колешка на возраст од 47 години, вели Додевски.
Тој не открива повеќе детали за инцидентот.