Сликањето под фустан ќе биде кривично дело доколку одобри британската кралица

Британскиот Дом на лордовите отвори простор за донесување закон со кој ќе се забрани фотографирањето под здолништата на жените.

Измените на законот ги најави министеркаа за правда Луси Фрејзер во јуни 2018 година, а според нив тајното фотографирање под здолниште ќе се смета за посебен кривичен прекршок. Последното разгледување на измените во Домот на лордовите беше спроведено во вторникот.

Сепак, за оваа одредба официјално да стане дел од законот, неопходно е предлогот да го одобри британската кралицата Елизабета Втора, објави агенцијата АП.

Засега, фотографирањето под здолништето се смета за кривично дело во Шкотска, а во Англија и Велс треба да биде усвоено.

Една од жените што се залага за оваа одредба е Џина Мартин, која на музички фестивал непознат маж тајно ја снимал така што ставил телефон меѓу нејзините нозе.

Треба да знаете
Последни објави