Спорна скулптура од распетието ќе биде отстранета од израелски музеј

Музејот во израелскиот град Хаифа ќе ја повлече контроверзната скулптура која ја претставува маскотата на Мекдоналд, распната како Исус на крст, по реакцијата на христијанското малцинство во таа земја.

Скулптурата во природна големина го прикажува кловнот Роналд Мекдоналд и претставуваше централен објект на изложбата за религијата и потрошувачкото општество, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Меѓу другите експонати се и Исус и Богородица, претставени како куклите Кен и Барби, наведува агенцијата.

Протестите против експонатите пред неколку дена беа насилни, а во нив повредени се и тројца полицајци кога демонстрантите се обиделe да влезат во музејот.

Градоначалничката на Хаифа денеска изјави дека контроверзната скулптура ќе биде повлечена по консултациите со верските водачи, но не прецизира кога точно ќе се случи тоа.

Треба да знаете
Последни објави