Тројца повредени во експлозија на гас во универзитетски кампус кај Лион

Три лица се повредени во екплозија на гас во покривот на зграда во универзитетскиот кампус во Вилербан, во преградието на Лион, во источниот дел на Франција.

Градските власти објавија твит дека станува збор за несреќа. Мајсторите поради работа на хидроизолацијата ги изнеле плинските боци на покривот на зградата.

Експлозијата предизвикала пожар кој набрзо бил локализиран. Пожарникарите и итната помош веднаш пристигнале на местото на несреќата.

 

Треба да знаете
Последни објави