Вицепремиерот Бујар Османи вели дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска ги потпишал првите документи на два јазика, пишува makfax.com.mk.
Во однос на реакциите по објавувањето на фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде што симболизираат двоглав орел, Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.
„Двоглавиот орел значи порака јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому му пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец, тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ќе бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец, вели Османи.