Момче од тетовското село Камењане бил уапсен бидејќи и се заканувал на девојка од тетовско дека ќе објавел нејзини фотографии со компромитирачка содржина ако не му даде пари.
20-годишната девојка вчера отишла во ПС Тетово и пријавила дека Д.С.(22) ја уценувал односно и барал пари, а доколку одбиела ќе објавел нејзини фотографии и снимки со компромитирачка содржина.
Полицијата го уапсила Д.С. и по целосното расчистување на случајот против него ќе поднесе кривична пријава.