Германија размислува да му забрани на „Хуавеи“ да ги користи 5Г-мрежите поради безбедносни причини

Германија размислува дали да го блокира „Хуавеи“ од нејзините 5Г-мрежи поради безбедносни проблеми.

Со овој потег германската влада би го следела примерот на неколку други земји, како САД, Австралија и Нов Зеланд, кои во последните неколку месеци ставија забрана за „Хуавеи“ да не може да ги користи нивните 5Г-мрежи.

Во Велика Британија, британскиот телеком отстрани опрема од делови од мобилната мрежа, а Универзитетот Оксфорд изјави дека нема повеќе да прифаќа финансии од оваа компанија.

Голем број држави исто така почнуваат одново да прават проценки на нивните односи со кинескиот производител.

Зголемениот број рестрикции се имплементираа поради тврдењата дека опремата на „Хуавеи2 може да се користи за шпионирање.

Компанијата ги негираше овие тврдења.

Треба да знаете
Последни објави