Жител од ресенското село Долна Бела Црква пријавил дека бил измамен од жител од струмичкото село Бориово кому му продал 19 тони јаболка за што требало да му плати околу 5.000 евра, но парите се уште не ги добил.
Според пријавата на В.Т(59) од село Долна Бела Црква, В.Т од селото Бориово во декември лани, отишол кај оштетениот со цел да откупи јаболка. Тие се договориле да откупи вкупно 19 тони за цена од 329.590 денари, но парите до денес се уште не му ги исплатил.