Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.
-Тројцата на 22.10.2018 година во село Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндиран автомобил „БМВ 750“ со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка, велат од ОЈО.