Истражувањата покажаа дека едно од десет лица во животот ќе добие камен во бубрезите. За да ја спречите оваа непријатна и болна појава решението побарајте го во овој вкусен и исклучително здрав напиток.
Состојки:
-1 портокал
– 1 јаболко
– 1 лимон
– 4 кришки лубеница
– 4 коцки мраз
Подготовка:
1. Портокалот и лимонот олупете ги отстранете ги семките и кората од лубеницата, а останатото овошје добро измијте го.
2. Исецкајте го овошјето на коцки и ставете го во блендер.
3. Додадете мраз и заедно добро измешајте додека да добиете смеса без парчиња.
4. Напитокот консумирајте го свежо подготвен, не правете залихи.
Совет:
– Напитокот пијте го два пати дневно пред оброците
– Дополнително пијте голема количина на вода и билни чаеви
– Цитрусите ќе го разградат калциумот, а лубеницата е одличен диуретик кој ги чисти бубрезите.