Величествената голема бела ајкула Дип Блу беше снимена покрај брегот на Хаваи. Се претпоставува дека тоа е најголемата бела ајкула што некогаш била фатена од камера, пишува Мирор.
Застрашувачкото, но прекрасно животно беше снимено во вторникот, а на фотографиите покрај ајкулата нуркачот изгледа како џуџе.
Се претпоставува дека Дип Блу е стара, бидејќи е женка, е околу 50 години и е малку пократка од 6,5 метри.
Експертите веруваат дека ова е најголемата ајкула било кога видена и дека е вистинско чудо што толку долго преживеала и покрај загадувањето, безмилосните убиства и мрежите за риболов кои значително го намалуваат животниот век на морските животни.
Името Дип Блу на оваа ајкула и ја даде екпертот за морски кучиња, Маурисио Хојос Падила, кој во 2015 година кога за прв пат ја фотографирал, нуркал во кафез покрај неа за потребите на снимањето на документарниот филм на Shark Week на каналот Дискавери.