„На 22 ноември лани, при претрес во домот на обвинетиот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје, поголемо количество муниција, како и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Освен ова, кај осомничениот била пронајдена и марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога. Истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена 60.8 грама марихуана спакувана во една полиетиленска кеса“, велат од Јавното обвинителство.
Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за продолжување на куќниот притвор за обвинетиот татко. За синот се уште се на сила определените мерки на претпазливост од страна на судијата на претходна постапка.