Произведувачот на електрични автомобили „Тесла“ денеска објави дека ќе укине неколку илјади работни места во настојувањата да ги намали трошоците и да остане профитабиле додека го развива производството на својот клучен производ, Моделот 3 седан.
„Тесла“ мора да почне со такви намалувања во текот на следните месеци, бидејќи го убрзува производството на варијанти на Моделот 3 и вложува во инженерски подобрувања во производството. Не постои друг начин“ напишал на блогот на компанијата, извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск.
Компанијата соопштила дека бројот на вработени на неопределно, ќе го намали за околу 7 отсто, додека на оние на определено и на договор ќе остане само на најнужните.