Шефот на украинската дипломатија Павло Климкин денеска изјави дека во тек се преговори за купување на оружје од САД.
– Ние сега водиме такви преговори. Не можам да дадам детали за поединечни системи, посочи Климкин.
Тој додаде оти „тоа е доверлива информација”.
– Зборуваме за многу сериозно зајакнување на одбранбените капацитети на нашите вооружени сили и нашиот одбранбен сектор во целост, истакна Климкин.