Сопругот на кралицата Елизабета Втора (92), принцот Филип (97), во четвртокот имаше сообраќајна несреќа во близина на имотот Сандрингам. Сведокот Рој Ворн (75), кој беше на местото на настанот, тврди дека на рацете имал крв од принцот, пишува британски весник. Рој му помогна на Филип, кој бил сам во автомобилот, да излезе од превртениот ландровер.
„Погледнав надолу и видов крв на моите раце. Единственото нешто што го помислив е фала му на Бога што ја нема веќе – рече Ворн кој виде како возилото се преврте една секунда по несреќата.
Бакингамската палата потврди дека принцот Филип не треба да остане во болница, но ќе биде внимателно следен во наредните денови. Иако не бил повреден, тој се тресел и бил вознемирен.
„Треба да се внимава на него во текот на ноќта, бидејќи постои голем ризик во следните два дена. Ова не е мал настан за неговата возраст“, кажа лекарот Ник Скривен, претседател на Здружението за акутна медицина. Постои можност оваа несреќа, поради возраста на принцот, да има сериозни последици.