Жена од јужна Индија стана првата која се искачила на светата планина каде до неодамна тоа им беше дозволено само на мажи.
Имено, по укинувањето на ваквата забрана од страна на Високиот суд, во вторникот Данија Санал стана првата жената која го искачила врвот Агастијакудам висок 1.868 метри во јужниот дел на Керала.
Иако во земјата не постоеше официјален закон со кој на жените им се забрануваше да се искачуваат на светата планина, жителите на местата околу планината со години се противеа на истото.
Санал, која е портпарол на индиското Министерство за одбрана, беше единствената жена меѓу 100те планинари кои во вторникот се искачија на врвот, пренесуваат локалните медиуми.
Откако забраната беше укината во ноември 2018 година, над 100 жени се регистрирале за лиценца за искачување, додаваат тие.