Двајца крадци се осомничени дека извршиле серија тешки кражби и кражби во обид во станови во Охрид од каде украле предмети во вредност од околу 10.100 евра.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Т.(25) од Прилеп и друго непознато лице, осомничени за 12 кривични дела, и тоа шест ,тешки кражби, три тешка кражба во обид , две кражби и една кражба во обид.
Истрагата утврдила дека кражбите биле извршени во периодот од 4 јули до 15 август лани. Крадците влегле во повеќе станови во Охрид и одзеле разни предмети со што се стекналe со противправна имотна корист од 686.410 денари.