Министерот за странски инвестиции, Елвин Хасан го прими Есер Џевахир
Новиот министер без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан денеска во работна посета го прими сопственикот на „Џевахир Холдинг“, г-дин Есер Џевахир. Хасан беше избран на оваа функција пред Новата Година откако беше разрешен министерот Аднан Ќахил.
На средбата се разговараше за соработката во престојниот период.
Компанијата „Џевахир Холдинг“ стои зад инвестицијата вредна 200 милиони евра, проектот „Скај Сити“ во населбата Аеродром, а наскоро треба да почне со реализација на проектот „Сан Сити“ во Сопиште.