Поранешниот македонски кошаркарски репрезентатиевец кој воедно своевремено беше и капитен на нашата репрезентација, Перо Антиќ се огласи по пат на социјалните мрежи.
Причината е настапот на машката ракометна селекција на СП во Германија и Данска. Антиќ на својот профил , сподели стори на кое се Дејан Манасков и Стојанче Стоилов.
Над истото пишува „Глава горе момци“ со што Перо им изразува поддршка по трите последователни порази.